Назад
Државен натпревар по германски јазик 2022 (Германски јазик) Одржан на 5/11/22
На ден 11.05.2022 во ООУ "Гоце Делчев" - Скопје се одржа државниот натпревар пo германски јазик на кој од нашето училиште земаа учество две ученички од 6. одд, еден ученик од 7. одд, еден ученик од 8. одд и три ученички од 9. одд. Од особена важност е да нагласиме дека сите три ученички од 9.одд влегоа во најдобрите 8 од вкупно 38 ученици.
Најдобар успех имаше ученичката Мила Ѓорѓиевска од 9б одд., која се закити со второ место и пласман на Интернационалната Олимпијада во Хамбург, Република Германија.
Ментор Емилија Василевска Спасов