Назад

Шаховски натпревар 2013 (Физичко образование) Одржан на 9/5/13

Во општина Кисела Вода по повод, „ Ден на независноста “ одржан е шаховски натпревар во школата за шах „ Ристо Ничевски “. Натпреварот започна на 05.09.2013 од 12:00 часот. Ученици кои учествуваа од ОУ „ Кирил Пејчиновиќ “ се: Адријан Тодоров од 8б-осмолетка и Матеј Кутиров од 8в-деветолетка. Организатор на овој шаховски натпревар е општина Кисела Вода. Се играа пет кола. Ученикот Матеј Кутиров од 8в-деветолетка го освои второто место во шах и доби диплома, а ОУ „ Кирил Пејчиновиќ “ доби пехар за освоено второ место во шах.