Назад

Светски ден на штедењето 11/3/19

По повод Светскиот ден на штедењето 31 октомври учениците од I-в, I-г и III-г оддeление беа во посета на Стопанска банка А.Д.

Целта на посетата беше да се поттикнат учениците и да научат како да штедат. Вработените и одговорните лица во Банката ја искористија оваа едукативна посета преку игра и забавна презентација на учениците да им го приближат концептот за финансиска едукација, значењето на штедењето и одговорното однесување. 

Учениците се забавуваа и имаа можност да сe запознаат со играта ПЧЕЛКА и преку неа да откријат и научат колку труд е потребен за да се креира вредна заштеда.

фотографии од посетата