Назад

Завршна приредба на нашите првачиња 6/17/23

Од завршна приредба на нашите првачиња, за спомен од неповторливото патување во прво одделение. Расневме заедно, безусловно се сакавме, почитувавме, учевме, истражувавме... Темелите на писменоста, комуникацијата, емпатијата, соработката, почитувањето правила, конструктивното решавање проблеми и препознавањето, разбирањето и прифаќањето на своите и туѓи емоции се поставени. Голема благодарност до родителите, наставничката по англиски јазик Марина и активот на прво одделение, заедно со нивните наставнички од продолжен престој.